Општината, јавните претпријатија и училиштата во Куманово целосно блокирани

Сподели со своите пријатели

Поради долг кој го имаат кон Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Општина Куманово, сите јавни претпријатија, како и сите средни и основни училишта од градот имаат блокирани сметки, ова денес го посочи градоначалникот Зоран Дамјановски.

Тој вели дека УЈП веќе над 20 дена води акција против општината за долг стар над 10 години, кој настанал како резултат на пресметана камата по основ на ДДВ кој се менувал во текот на годините и општината била блокирана тогаш. Долговите биле пресечени со предлог да бидат репрограмирани и да се исплати до 2023 година.

Пред месец дена донасаат прво писмо за блокада, а потоа ја блокираат ЈП „Чистота и зеленило“ за долг од 21 милион и камата од 37-38 милиони денари. Во репрограм не постои камата, не постои ништо, меѓутоа ова е држава како што е држава, како што сите знаете и од тука почнува целиот круг на негативни нешта. Замислете од 28 милиони основен долг од пред 15 години, Куманово е блокиран со 160 милиони, блокирана е „Чистота“, Општина Куманово, блокирани се сите јавни претпријатија и сите школи и ние сме во една парализирана општа состојба и целта е да се поремети целиот систем на даватели на услуги на граѓаните на Општина Куманово – изјави Дамјановски.

Првиот човек на општината посочи дека 7% од популацијата на државата се доведува во опасност од зараза и болести доколку не се изнесува сметот кој дневно е над 100 тони.

Ние имаме некои должничко-доверителски односи, он собира такса од метење и собирање смет во која има ставка з ачистење и метење на јавно прометни површини и таа ставка не ја зимаме бидејќи сме во тој баланс, а ние имаме програма која на годишно ниво е околу триесетина милиони денари заедно со социјалните трансфери на ниво на плаќање на смет на социјалните категории. Тука имаме некои реални побарувања од 22-23 милиони која од година во година зависи и ние секогаш ги поддржуваме сите активности на јавното претпријатие, тие го користат сетоа тоа и ги блокираат сите установи, бидејќи сите училишта, бидејќи дотациите не можат да стигнат да се плати и нафта, гас, струја, превоз, дотациите не стигаат и ние одлучивме комуналните услуги од локално ниво да бидат дел од долгот, вода, ѓубриво се дел од долгот бидејќи не можеме да ги покриеме, подобро да не платат ѓубриво на јавното претпријатие, отколку да ни исклучат струја, гас итн. Тие долгови сега ги користат и со нивни механизми за наплата на ДДВ ги блокираат сите училишта, јавни претпријатии – додаде Дамјановски.

Тој порача дека доколку не се реши проблемот сите засегнати ќе излезат на улица и ќе протестираат додека не се разреши ситуацијата која го доведува градот во колапс.

Целата изјава на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски можете да ја прочитате на следниот линка во меѓувреме реакција чекаме и од Управата за јавни приходи.

http://kumanovskimuabeti.mk/izjava-na-gradonachalnikot-damjanovski-blokirana-e-opshtinata-ulilishtata-i-pretprijatijata/