Општина Куманово започна кампања за почиста животна средина (видео)

Сподели со своите пријатели

Преку превентивни и едукативни спотови, Општина Куманово започна кампања за почиста животна средина.

– Ќе почнеме со емитување на различни видови на спотови кои што ќе ги повикуваат граѓшаните да го намалат загадувањето бидејќи загадувањето го правиме сите ние граѓаните, согоруваме несоодвтени материјали . социо-економската состојба е таква каква што е, ние не можеме преку ноќ да смениме, но можеме да се изземеме од согорување на пластични флаши, несоодветен отпад и друг тип на материјали што се користат во загревањето на нашите домови и во делот на индустријата, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Како што потенцираше Димитриевски, општината ќе користи и репресивни мерки и ќе казнува, а инспекциските служби работат на терен и казнуваат правни лица. Во иднина Димитриевски најави дека казни ќе добијат и физички лица, кои несовесно се однесуваат кон природата и животната средина.