Општина Куманово воведува телефонска линија за пријавување сомнителни случаи

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово од утре ќе воведе дежурна телефонска линија за пријавување сомнителни случаи на коронавирусот.

Loading...

Како што информираше на денешната прес конференција градоначалникот Максим Димитриевски, целта на оваа линија е заедно со надлежните здравствени установи да има интензивна координација.

– Од утре општината ќе воведе дежурен телефонски број, на кој покрај во здравствените институции ќе можете да се јавувате, контактирате и да пријавувате сомнителни случаи во рамките на вашето семејство како би можело да има интензивна координација за да се изнајде начин да се помогне на секој човек повеќе. Почитувани, ве молам за разбирање нашите капацитети се ограничени, но се сосема доволни да се бориме сосема заедно со оваа појава на светско ниво. Ги корситиме сите искуства и пракси од соседствот и пошироко, работиме согласно координацијата што ја добиваме од владата, рече Димитриевски.

Клучот е во сите нас, вели кумановскиот градоначалник. Сите треба да останат во самоизолација во овие моменти и да дадат несебичен допринос за борба против коронавирусот.

– Вие ќе бидете херои доколку го почитувате редот и дисциплината. Не излегувајте од дома, бидете во овие тешки моменти со вашите семејства, во ваше опкружување, не примајте посети, немојте да се групирате, доколку дојде до моменти на одредено сомнение за одреден член на вашето семејство дека покажува индиции на покачена температура, кашлање или други појави обратете се на вашиот матичен лекар и контактирајте со надлежните во јавното здравство. Ова е единствениот начин како можеме да го победиме заеднички вирусот, во спротивно ќе дозволиме истиот да се шири и да патува од еден до друг, рече тој.

Општината, појаснува Димитриевски, ќе продолжи со масовни дезинфекции на сите оние локации за кои што има добиено информации од Министерствата за здравство и внатрешни работи, за лица кои што се ставени во домашна изолација и сите домови во нивната непосредна близина ќе бидат дезинфицирани до крај.

– Излегувајте од дома за набавка на најнеопходно, храна и потреби за вашето секојдневие, правете го тоа изолирано и немојте да се движите во групи. Целта е една да го изолираме вирусот затоа што тој е веќе присутен меѓу нас, додаде кумановскиот градоначалник.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply