Општина Куманово со препораки за заштита од загадениот воздух

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска излезе со низа препораки до граѓаните со цел заштита од загадениот воздух, откако мерните станици регистрираа поголемо присуство на ПМ10 честичките.

Loading...

Поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (на 01.01. и 02.01.2025 година со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), согласно добиениот Акциски план со краткорочни мерки за чист воздух (ноември-февруари 2024-2025година) од Министерство за животна средина и просторно планирање и Заклучокот на Владата на РСМ од триесет и третата седница, Општина Куманово им препорачува на граѓаните

– Да се користи јавниот превоз

– Да не се користат возила без поголема потреба

– Да се возат повеќе лица со едно возило истовремено

– Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал

– Да се користат правилно печките за дрва и

– Строга забрана на горење на отворено.

Loading...

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РСМ ги даваат следниве препораки поради надминување на праг на информирање за квалитет на воздух:

– Се потенцираат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма)

– Се потенцираат ограничени движења и активности на лицата, кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор.