СДСМ манипуралира за реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Никола Тесла“, велат денеска од Општина Куманово како реакција на прес конференцијата на СДСМ.
Реакцијата на Општина Куманово ви ја пренесуваме интегрално:
„СДСМ во медиумите за реконструкција на водоводна мрежа улица Никола Тесла манипулираше во 2023 година, a манипулира и денес.
На 12.06.2023 година тогашниот претседател на ОО СДСМ Куманово на прес конференција на таа локација, Александар Арсиќ, придружуван од советниците и други членови на СДСМ , тврдеше дека Владата на СДСМ ќе изгради нова водоводна мрежа во должина од 2км на улица “Никола Тесла”, во износ од 300.000 евра. Тоа ветување не се реализира иако истите беа на власт.
Манипулираа тогаш, манипулираат и сега , а договорот кои што е склучен со министертвото и тогашниот министер Благој Бочварски, не е реализиран во целост и тоа е главна причина зошто овој вод не е пуштен до ден денешен во употреба, а граѓаните кои што живеат во тој дел на градот за жал се снабдуваат со вода за пиење преку овој вод, а дел од нив со право реагираат бидејќи немаат континуиран дваесет и четри часовен дотур на вода. Токму поради тоа што тие од позиција на власт и во време на управување со оваа министерство не го реализираа овој договор како и многу други во општината. Пример е и канализација во село Тромеѓа. Парите ги потрошија, а ефект од сработеното нема,сеуште општината се соочува со проблеми и неможе да ги превзема новоизградени инсталации под своја надлежност и неможе ги пушти во употреба.
Општина Куманово и Министерство за транспорт и врски на 23.11.2022 година склучува договр за реконструкција на водоводна мрежа за дел од улица Никола Тесла во износ од 19.246.595,00 денари со вклучен ДДВ. Во овој износ општината учествува со сопствени средства од 2.935.921,00 денари,а останатите средства ги обезбедува министерсвтвото за транспорт и врски. Согласно договорот средствата во целост ги реализира Министертво за транспорт и врски.
Финансиски обврски на општината се исплатени според склучениот договор.
Тогашниот министер Благој Бочварски распишал тендер, избрал изведувач и контролен надзор на проектот и истиот имал обврска да го предаде во владение на општина Куманово, во исправна и функционална состојба.Тоа до ден денес не е сторено,поради техничките забелешки од страна на ЈП Водовод во однос на нецелосна и несоодветна изведба на проектот за водоводна мрежа, согласно проектна документција, а воедно и дополнителна нефункционалност на старата водоводна мрежа во целост, која е настаната како резултат на нецелосно изградена и недовршување на бајпасирање на истата.
Договорот со изведувачот е склучен на 05.12.2022 година од страна на МТСП и истиот е со времетраење од две години. Изведувачот имал обврска,согласно договорот во рок од 6 месеци да ја заврши комплетно изгрдбата на новата водоводна мрежа. Рокот на важноста на договорот е продолжен за уште 12 месеци од страна на МТСП. Од тоа произлегува дека договорот е сеуште активен и обврските за отстранување на сите можни недостатоци се обврска на фирма носител на договорот,која што ја избрало министерството.
Но, договорот за кои што на прес конференција во 2023 година СДСМ се фалеше сеуште не е реализиран во целост и граѓаните што живеат во тој дел на градот трпат последици од тоа.
Неточни се тврдењата на прес -конференцијата на СДСМ дека се прави манипулација со пари на граѓаните за улицата Никола Тесла. Ако некој манипулира,тоа се тие преку нивниот тогашен министер за транспорт и врски.
Нивниот министер за транспорт и врски распиша постапка за набавка – тендер,изберен е изведувач,надзорен орган на проектот и имаат обврска да ја следат постапката, реализацијата на постапката и да ја известуваат општина Куманово.И покрај голем број на реакции и забелешки упатени кон нив за овој проект, известување нема.
Во тек е решавање на проблемот, во соработка со новиот министер за транспорт и врски, неговите служби што имаат слух за проблемите на граѓаните,изведувачот, надзорот на проектот, како и ЈП „Водовод Куманово“,кои активно земаат учество во решавање на истиот.
Причина за застој на водоснабдување е поради изведување на градежни работи,при што има оштетување на стара водоводна инсталација што ќе биде надминато во следниот период.
Известени за овој проблем се ЈП Македонија пат и ЈПДП, и тие ќе овозможат по орапавување на трасата, кое е нов проект да се овозможи дополнителна интервеницја од страна на изведувачот како и од ЈП Водовод за да се обезбеди непречено водоснабдување на тој дел од градот,а пота ќе се пристапи кон поставување на завршен слој на улицата во потребната должина“, стои во соопштението на Општина Куманово.