Општина Куманово распиша тендер од 20.000 евра за одржување на возила

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово распиша тендер за одржување на возилата на општината, но и за одржување на спцијалните возила на Противпожарната единица Куманово во вредност од 1.200.000 денари или приближно 20.000 евра.

Тендерот е распшан преку Бирото за јавни набавки, а објавен и на веб страницата на Општина Куманово.

Тендерот ќе го добие компанијата која че достави најмала понуда, а според распишаниот тендер, фирмата треба да врши поправка и сервизирање на автомобилите: БМВ 523, Шкода Јети, две возила Шкода Фабиа, Фолксфаген Пасат, Југо Корал 55, патничко моторно возило Јутонг, Лада Нива, но и камионите: Мерцедес, Бедфорд, ТАМ, ФАП, Даф Фалф, Бремат Т-рекс.

Воедно огласот предвидува и набавка на потрошен материјал за одржување на возилата и тоа: Масло за мотор 5/30 литар 1; Масло за мотор 5/40 литар 1; Масло за мотор 15/40 литар 1; Масло за мотор 10/40 литар 1; Масло за менувач литар 1; Масло за волан (хидроуличен)литар 1; Течност за кочници литар 1; Антифриз -100% литар 1; Средство за ветробранско стакло литар 1; Сијалици П21/5w,П5w,П21w,Х7 парче 1; Моторно масло 20-50.

Leave a Reply