Во Куманово продолжуваат активностите за подобрување на локалната патна инфраструктура, со неколку завршени и тековни градежни зафати на повеќе локации во градот.

Градоначалникот Максим Димитриевски информира дека е завршено асфалтирањето на дел од улицата „Веселин Вујовски“, со што се подобрува пристапот и условите за движење на жителите во овој дел од градот.

Паралелно со тоа, општината реализираше и партерно уредување на два крака од улицата „Руѓер Бошковиќ“ во населбата Перо Чичо.

Заврши и асфалтирањето на улицата „600“ во близина на Кумановска бања, каде се поставени и тротоари за пешаците. Проектот дополнително ја унапредува патната мрежа во овој дел од градот.
Од Општина Куманово посочуваат дека со ваквите инфраструктурни зафати се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и модернизација на локалната инфраструктура.
Никола Ивановски

