Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со угостителите

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, вчера, во име на Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово.

Loading...

Со меморандумот се предвидува угостителите да бидат вклучени во креирање и реализација на културната програма во градот.

 

 

– Од името на општина Куманово денеска потпишав Меморандум за соработка со Здружението на угостители “Бисер”- Куманово. Овој документ има за цел воспоставување на соработка во рамките на Програмата за култура, во  реализација на општината. Преку овој Меморандум угостителскиот сектор се вклучува во креирање и реализација на предвидената културна програма, како активен чинител од општествениот живот, соопшти градоначалникот Димитриевски преку социјални мрежи.

Никола Ивановски

Leave a Reply