Делегација од Општина Куманово оствари работни средба во општина Банско и општина Дупница во соседна Бугарија. На средбите е разговарано за можностите за продлабочување на соработката и заедничкиот настап на повикот за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Во општина Банско делегацијата оствари средба заменик Градоначалникот Г-дин Ивајло Рхов и неговата администрација која работи на разработка на предлог проекти. На оваа успешна средба потпишан е “Договор за партнерство” за поднесување на предлог проект, каде како партнери се јавуваат “Фондацијата за култура и спорт” при општина Куманово, водечки партнер и “Народно Читалиште Димитар Благоев 1925” Добриниште, Р. Бугарија, партнер бр.2 со наслов: “Cooperation in Visual Arts for promoting the region’s cultural identity “.


