Општина Куманово поднесе кривична пријава за музејот на УЧК

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово информира дека е поднесена кривична пријава против НН лица поради изградбата на т.н. Музеј на УЧК во селото Сопот.

Loading...

„Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група НН лица поради основано сомневање за сторено кривично дело Узурпација на недвижности од член 225 став 2 од КЗ и кривично дело Бесправно градење 244-а став 1 од КЗ.

Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј – Меморијален центар.

Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со коишто Општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно поставување“ – стои во соопштението на Општина Куманово.

Никола Ивановски