Општина Куманово отворена за предлози за развој и унапредување на социјалната заштита (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Раководителот на Секторот за култура, спорт социјална заштита, заштита на деца и здравствена заштита при Општина Куманово, Александар Крстевски денеска преку прес конференција ги повика сите заинтересирани поединци и здруженија да достават предлози за развој и унапредување на социјалната заштита на локално ниво.

Loading...

– Ги повикуваме сите заинтересирани лица и субјекти, во улога на рамноправни партнери, да дадат свој допринос во изготвување на Социјалниот план, преку доставување на свои иницијативи, идеи и предлози за развој и унапредување на социјалната заштита на локално ниво согласно потребите на граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик, рече Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка

 

https://youtu.be/Spy8SVE3TzA

 

Како што рече Крстевски, општината, согласно своите надлежности, има формирано Општински совет за социјална заштита кој брои 15 членови.

– Именуваните лица се истакнати професионалци во својата работа, дел од нив се претставници на институции и здруженија кои работат на поле на социјалната заштита, како што се Центар за социјална работа, Центар за вработување, Црвен крст Куманово, Здружението Инклузива, Бујрум, СВР Куманово, Основно јавно обвинителство, како и Здравствен дом Куманово,а дел се претставници од Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Секторот за образование како и претставник на младите, појасни тој.

Улогата на Општинскиот совет за социјална заштита, како што додава Крстевски, е да изврши мапирање на проблемите и потребите на граѓаните на општината врз основа на кое ќе изготви Социјален план на општината.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Секоја осма жена во светот заболува од рак на дојка, скринингот е многу важен (ВИДЕО)

– Поради тоа, Локалната самоуправа како една од носителите на социјалната заштита во Републиката, согласно своите надлежности, активно работи на процесот на изготвување на Социјалниот план на општината, којшто ќе соддржи низа мерки и активности со цел помош и поддршка на маргинализирните групи на граѓани во нашата општина, изјави тој.

Социјалниот план ќе биде од долгорочен карактер во траење од три години, а врз основа на истиот ќе бидат изготвувани годишни програми за социјална заштита во општина Куманово.

Сите заинтересирани лица/субјекти своите иницијативи, предлози и идеи можат да ги достават на маил адресата: [email protected], најдоцна до 15.08.2022 година.