Општина Куманово објави оглас за уште еден кружен тек

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави оглас за изградба на уште еден кружен тек помеѓу булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ и „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните.

На огласот според објавата не електронскиот систем за јавни набавки, заинтересираните компании мора да поседуваат соодветни лиценци, механизација за изведување на градежни активности, сертификати. Крајниот рок за доставување на понудите е на 7 март, годинава.

 

 

Кружниот тек сметаат надлежните од општината ќе придонесе за растоварување на сообраќајниот метеж во центарот на Куманово. Ова ќе биде трет кружен тек во градот.

Во моментов се гради втор кружен тек на локација кај Митев мост помеѓу двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, за што од општинскиот буџет се одвоени над 35, 8 милиони денари. Изградбата се очекува да заврши до средината на летото.

 

 

За првиот кружен тек, изграден пред две години Куманово одвои над 20 милиони денари.

МИА