Општина Куманово објави јавен повик за субвенции за инвертер клими

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2025 година.

Loading...

– Општина Куманово, со цел да ги стимулира жителите на Општина Куманово (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2025 година ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на уредот во вредност од 20.000,00 денари во нето износ по домаќинство. Персоналниот данок ќе биде на товар на Општина Куманово, се вели во јавниот повик.

Јавниот повик ќе започне од 10 Февруари 2025 година и ќе трае заклучно со 30 октомври 2025 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за оваа намена, Општина Куманово ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на аплицирање, со точно наведено датум и време на аплицирање.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Куманово кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство во период од 01.01.2025 година се до завршување на Јавниот повик и ќе поднесат барање за надоместување на трошоците.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градската гасоводна мрежа без оглед на тоа дали го користат, кои имаат техничка можност за приклучување кон градската гасоводна мрежа и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

На Јавниот повик имаат право на учество две или повеќе домаќинства кои живеат по лична карта на иста адреса, исклучиво со приложен доказ дека станува збор за одвоени домаќинства (сметки за различни броила за електрична енергија).

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Привеен 40-годишен кумановец. Полицијата му пронашла прашкаста материја

Услови што треба да ги исполни барателот

– да има живеалиште на подрачјето на Општина Куманово;

– домаќинството да нема искористено субвенции или право на поврат на средства за набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди и/или печки на пелети од било кој извор и нема искористено надоместување на дел од трошоците за приклучна такса за приклучок на граѓаните на гасификациона мрежа на подрачјето на Општина Куманово ;

– да е корисник на печка/и на јаглен, дрва, нафта или мазут;

– набавениот уред да биде купен во 2025-та година се до завршување на Јавниот повик, истиот да биде исплатен во целост и да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот. Доколку уредот е купен на рати, истиот да биде купен во 2025 година и ратите да бидат исплатени во целост до денот на аплицирање;

– набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;

– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;

– да нема приклучок на градска гасоводна мрежа во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи, и

– да нема техничка можност за приклучок на системот за гасоводната мрежа.

Loading...

Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок при што барањето може да опфаќа еден уред;

Повеќе домаќинства кои се водат на иста адреса задолжително да достават сметки од различни броила за електрична енергија како доказ дека се посебни одвоени домаќинства.

Барателите задолжително да прибават и достават потврда дека не се приклучени на градската гасоводна мрежа и немаат техничка можност за приклучување на истото (потврда од ЈП Куманово-Гас).

Барателот задолжително да достави потврда за платен данок на имот.

Начин на пријавување на јавниот повик

За надоместување на трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Куманово треба да поднесе:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен обид за грабеж во угостителски објект во Куманово, крадецот приведен

– Барање за надоместок (образец на Барање -може да се обезбеди од интернет страницата на Општина Куманово)

– фотокопија на важечка лична карта, како доказ дека е жител на Општина Куманово (не се признава пасош);

– Фотокопија од имотен лист (не постар од 6 месеци);

Loading...

– фотографија од печката/ите на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи;

– нотарски заверена изјава дека нема искористено субвенции за право на поврат на средства за набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди и/или печки на пелети од било кој извор и нема искористено надоместување на дел од трошоците за приклучна такса за приклучок на граѓаните на гасификациона мрежа на подрачјето на Општина Куманово ;

– оригинална потврда/ потврди, заверена/и со потпис и печат од продавачот, дека набавениот/те инвертер клима уред/и е/се високоефикасен/ни т.е. ги исполнува/ат следните минимални карактеристики: има најмалку COP 3.5, грее на надворешна температура од -15°C и е најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;

– фискална сметка или фактура оригинален доказ дека е извршено купување на уредите  во 2025 година, а уредите кои се исплаќаат на рати заклучно до денот на аплицирање, фактура со прилог целосна исплата на сите рати;

– фотокопија од последна сметка за потрошена електрична енергија, која коренсподира со адресата наведена на Барањето;

– потврда дека не се приклучени на гасификациона мрежа и немаат техничка можност на приклучување на истото (потврда од ЈП Куманово-Гас;

Loading...

– потврда за платен данок на имот,

– трансакциска сметка исклучиво лична на барателот (не ополномоштена од трето лице).

Дополнителни документи:

– за одделни домаќинства кои се на иста адреса на живеење – сметки од броила за електрична енергија,

Барателот треба барањето со комлетната документација да ги достави до Архивата на Општина Куманово.

Пристигнатите барањата со пропратната документација до архивата на Општина Куманово ќе бидат евидентирани со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

Loading...

Во случај на неуредна (не читлива) документација, Комисијата го задржува правото да побара дополна по писмен пат која барателот треба да ја достави во најкус рок од денот на известување. Доколку дополната не е извршена, Комисијата со решение за одбивање ќе ги отфрли овие барања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученик од Куманово натепан од негови врсници

За лицата кои имаат поднесено барање кое е со некомплетна документација, или имаат наведено неусогласени податоци во барањето и комплетната документација, Комисијата со решение за одбивање ќе ги отфрли овие барања.

Начин на спроведување на јавниот повик

Градоначалникот на Општина Куманово  формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката:

– ќе ги разгледува и ќе врши детален увид во пристигнатите барања и документацијата поднесена во прилог, со цел утврдување дали истите се уредни и комплетни и дали ги исполнуваат условите од точка 3 на овој Јавен повик,

– и ќе ја продолжи постапката за конечна реализација.

Loading...

Комисијата го задржува правото да изврши теренски увид кај баратели кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик. Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторијата во која е инсталиран набавениот високоефикасен инвертер клима уред.

За пристигнатите и обработени барања од точка 5, потточка 5.1 алинеја 1, ќе се води електронска листа со следните податоци:

– име, презиме и адреса;

– датум и час на пристигнатата пријава на Јавниот повик, и

– износ на набавената вредност на клима уредот за секој барател.

Исплатата на одобрените средства ќе се врши според редот на пристигнати барања според дата и време на аплицирање, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Куманово, и

Loading...

По завршување на целокупната постапка барателот треба да овозможи пристап на Комисијата до домаќинството и просторијата во која е инсталиран уредот во период од најмалку 3 години, по завршување на Јавниот повик.

Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Куманово на предлог на Комисијата носи решение за усвојување на барањето за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Куманово  дава писмено известување за неусвојувањето.