Општина Куманово не се откажува од идејата за подземен паркинг под малиот плоштад

Loading...
Сподели со своите пријатели

Општина Куманово нема да се откаже од идејата за изградба на подземен паркинг под малиот млоштад „Маршал Тито“ пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Овој паркинг простор би требало да обезбеди 700 места за паркирање во центарот на градот.

На денешнта седница на Советот на Општина Куманово, советникот Сашо Милковски предложи да се повлече од програмата, со оглед дека за 2021 не се предвидени средства.

– Од она што јас го разбрав дека за таа работа и нема некоја можност бидејќи имало и подземни води, инфрастурктурни колектори, а да не заборавиме дека тука се наоѓаат споменикот на Револуцијата, НОБ и Тито, па предлагам до предлагачот ако може да ја повлече ова, бидејќи не се ни планирани средства за 2021 или 2022, па еве подобро да ја нема додека не се направи и ГУП, рече совеникот Милковски.

Сепак раководителот на Секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска рече дека општината нема да се откаже од овој проект и средства се предвидени за 2022 година.

– Средствата се предвидени за 2022 година, но не би се сложила со вас дека тој проект не може да биде реализиран, постапката е сложена, од државно земјиште кое треба да премине во сосптвеност на општина Куманово за да се направат подземни објекти, ќе се среди подземна инфраструктура, а не се проблем ниту спомениците, рече Ланг Спасовска.

Идејата за овој подземен паркинг се провлекува со години, бидејќи станува збор за премногу скап проект.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply