Општина Куманово ќе поставува фотоволтаици на средните училишта

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе поставува фотоволтаици на средните училишта, информираа денеска надлежните.

Loading...

Општината објави оглас за избор на економски оператор за проектирање и изведба на фотонапонски централи на средните училишта на кој можат да се пријават заинтересираните компании.

Покрај потребните документи, дозволи издадени од соодветни министерства, сертификати со кои се докажуваат исполнетите стандарди, компаниите мора да имаат ангажирано и стручен технички персонал, архитекти, инженери, електротехничари.

Воедно, операторите мора да располагаат и со соодветни возила, меѓу нив товарни возила, дигалки.

Во Куманово има пет средни училишта од кои едно е државно.

Меѓу критериумите објавени на електронскиот систем за јавни набавки, операторите треба да имаат завршено најмалку пет успешно реализирани договори од слична природа во последните пет години од кои минимум три со вредност од минимум милион денари, со потврди за навремено, квалитетно и функционално изработени проекти.

Како доказ понудувачите треба да достават договори за успешно и квалитетно извршување на задачите. Отворањето на понудите е закажано за 20 јуни годинава.

МИА

Loading...