Вкупно 32 нови автобуски постојки ќе бидат поставени на главните сообраќајници низ Општина Куманово во наредниот период.
Loading...
Како што информираше раководителката на Секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово, огласот е веќе распишан.
– Сите се лоцирани на главни артерии и се надевам дека ќе има правни субјекти што ќе бидат заинтересирани, додава таа.
Почетната цена, посочува Ланг Спасовска, е 9.000 денари од постојка.
Никола Ивановски