Општина Куманово распиша тендерска постапка за набавка на 20 мобилни штандови по цена од 615.000 денари, односно 10.000 евра.
Огласот на Бирото за јавни набавки е отворен до крајот на месецов, по што ќе се избере најниската понудена цена од компаниите кои ќе се јават на тендерот.
Општината изминатите години вакви тезги како комунална опрема ги издаваше на заинтереисрани продавачи за време на новогодишните празници кои продаваа украси на малиот градски плоштад.