Општина Куманово распиша оглас до Бирото за јавни набавки за прибирање понуди за Изработка на проектна документација за привремени паркиралишта како модуларни еднокатни конструкции.
Станува збор за паркиралишта на три локации во центарот на Куманово:
Локација 1 (Позади ТЦ „Сума“) – КП 18518 со приближна површина до 1.000 м2
Локација 2 (Локалитет „Серава“) – КП 18021 со приближна површина до 1.400 м2
Локација 3 (Локалитет „Берза“) – КП 14818 со приближна површина до 1.500 м2.
За тендерот предвидени се милион денари без вклучен ДДВ, а понудувачите своите понуди треба да ги испратат најдоцна до крајот на месецов.