Општина Куманово ќе испраќа опомени и решенија за присилна наплата за данок и фирмарина

Сподели со своите пријатели

Опомени, но и решенија за присилна наплата ќе доставува Општина Куманово за сите физички и правни лица кои не платиле данок или фирмарина.

Loading...

– Секторот за даноци и такси при општина Куманово ги известува сите даночни обврзници дека во наредниот период ќе се врши дистрибуција на Опомени за неплатени даночни долгови по основ данок на имот за физички лица за 2023 година, Решенија за присилна наплата за данок на имот за правни лица за 2023 година, како и Решенија за присилна наплата на долг по основ утврдена комунална такса за назив на деловна просторија за 2023 година, информираат од Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен повикот за предлог културни манифестации за 2025 година (ВИДЕО)

Граѓаните, како што стои во соопштението, се должни да постапат по истите, односно во дадениот рок да ја измират обврската, во спротивно ќе се постапи по законските одредби и ќе се врши присилна наплата.

– Доколку во меѓувреме го имаат намирено долгуваниот износ, Опомените и Решенијата за присилна наплата да не ги земаат предвид, велат од општината.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се обратат во просториите на Секторот за даноци и такси,  при општина Куманово, спроти градскиот стадион во поранешна зграда на „Козјак”, секој работен ден во период од 9:30 до 11:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три фестивали по повод 11 Октомври во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски