Општина Куманово ќе добие најмногу пари за проекти од повикот на Владата

Сподели со своите пријатели

За три проекти Општина Куманово ќе добие околу четири милиони евра преку повикот за финансирање од Владата.

Loading...

Куманово аплицираше на повикот со инфраструктурни и комунални проекти.

– Најмногу средства, речиси 243 милиони денари ќе добие Општина Куманово, која најголем дел од финансиската помош ќе ја намени за проекти од областа на инфраструктурно и комунално уредување. Оценувањето и изборот го правеа евалуционите комисии – истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Општината аплицираше за инфраструктурно уредување на зоната во Речица, изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа и изградба на атмосферска канализација на улицата „Бајрам Шабани“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Наутро студено, попладне пријатно време

Третиот проект е за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа кон Доброшане каде функционира индустриска зона со клучни кумановски компании кои ја движат локалната економија.

Владата ја нагласи важноста на овие проекти за подобрување на локалната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните.

Потпишувањето на договорите со општините ќе се реализира следната недела.

Парите ќе се исплатуваат во зависност од извршувањето на проектите.

Loading...

Координативно тело составено од шесте министерства ќе го надгледува процесот.

На јавниот повик се поднесени 357 проекти од 80 општини, а финансиска помош ќе добијат 247 проекти на 77 општини.

Никола Ивановски