Општина Куманово и Управниот суд потпишаа меморандум за дигитално поврзување

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и Управниот суд направија важен чекор кон целосна дигитализација на управно-судските постапки, со потпишување Меморандум за соработка за електронско поврзување преку софтверската платформа ЕПУС.

Меморандумот денеска го потпишаа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, и претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини.

 

 

Со договорот се воспоставува дигитална комуникација помеѓу Вишиот и Управниот суд и јавните органи, со цел побрзо, поефикасно и поекономично водење на управно-судските постапки.

Преку платформата ЕПУС ќе се овозможи навремена и сигурна размена на акти и списи, поедноставување и забрзување на постапките, како и зголемување на правната сигурност и транспарентноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја утре делови од Куманово

 

 

Дополнително, се очекува значително намалување на административните трошоци и воспоставување функционален систем за двонасочна електронска комуникација меѓу институциите.

Соработката, согласно законските прописи, предвидува размена на податоци во двете насоки преку софтверска платформа која ќе биде усогласена со постојниот CMS-систем на Судот и техничките решенија на јавниот орган, во зависност од нивната техничка подготвеност.

 

 

На настанот присуствуваа и раководителите на Одделението за информатичка технологија и Одделението за општи работи при Општина Куманово, Андријана Вукановска Цветковска и Хајредин Ибраими, кои учествуваа на обука организирана од Одделението за информатика при Управниот суд.

Со тоа, Општина Куманово и официјално стана корисник на софтверската платформа ЕПУС, што претставува уште еден чекор кон модерна, ефикасна и дигитална локална администрација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел иако имал забрана, па остана без возилото

Никола Ивановски