Општина Куманово го објави јавниот повик за културни манифестации за 2026 година (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Одделението за култура и спорт при Општина Куманово и годинава го објави јавниот повик за прибирање предлог-проекти за организирање културни манифестации во 2026 година.

Помошник раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, истакна дека повикот е во согласност со Правилникот донесен од градоначалникот.

Тој информира дека годинава документацијата мора да се поднесе на пропишаниот образец.

„Важно е да се напомене дека оваа година сите подносители на предлог-проекти, целокупната документација ја поднесуваат со пополнет Образец за предлог – проект за организирање на културни манифестации кој е истакнат во прилог на самиот јавен повик“, посочи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструирана дневната болница во Детското одделение во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Предлог-проектите ќе бидат разгледувани и бодувани од посебна комисија.

„Предлог-проектите ќе бидат бодирани со табела за бодирање од страна на Комисијата за разгледување на предлог-проектите формирана од страна на Градоначалникот на Општина Куманово, а согласно правилникот за утврдување на постапката“ – објасни Крстевски.

Тој ги охрабри сите установи, здруженија и фондации кои работат во областа на културата или социјално-хуманитарните дејности да се пријават со нови идеи и проекти кои ќе ја збогатат културната програма во градот.

Проектите што ќе ги исполнат условите и ќе добијат највисоки оценки ќе бидат вклучени во Програмата за културни манифестации за 2026 година, која ќе биде предложена пред Советот на Општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гимнастичарите на „Атлета“ Куманово со освоени 14 медали на државниот натпревар

Финансиската рамка ќе биде утврдена со Буџетот за 2026 година.

„Финансиската рамка за доделени средства преку овој јавен повик ќе биде дефинирана со донесување на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година“, истакна Крстевски, додавајќи дека по донесувањето, програмата ќе биде објавена и во Службениот гласник.

Крстевски потсети дека јавниот повик се покажал како успешна алатка за поддршка на традиционални и нови културни содржини.

„За Програмата за културни манифестации за 2025 година беа издвоени 20 милиони денари,“ рече тој, посочувајќи дека токму преку овие средства се реализираат голем број фестивали, изложби и други настани кои се добро посетени од граѓаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дете од Куманово завршило во Ургентен, откако испило повеќе таблети

Повикот започна на 19 ноември 2025 година и ќе трае до 3 декември.

Никола Ивановски