Согласно Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, донесена на седница на Советот на предлог на градоначалникот Максим Димитриевски, сите граѓани ќе можат бесплатно да користат општински линиски превоз од 01.01.2023 година заклучно со 30.06.2023 година, на сите линии согласно утврдените возни редови.
Општината објави и интерактивни мапи на линиите кои можете да ги погледнете ТУКА.
На самите мапи можете да ги видите сите постојки за секоја линија поединечно, за поаѓање и враќање, како и времето на доаѓање на автобусот за секоја постојка посебно.
Упатство за користење на мапите е достапно ТУКА, а документ со возни редови е достапен ТУКА.
Од општината напоменуваат дека времето на поминување на автобусите на постојките зависи од повеќе надворешни фактори во сообраќајот.