Општина Куманово доби сертификат за „Најактивна општина за климатски промени“

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово доби сертификат за „Најактивна општина за климатски промени, зелени технологии, нула отпад и решенија за намалување на отпад“.

Loading...

Сертификатот е издаден од домашните партнери на проектот „ZeroWaste&CE“, како и од партнерите од Шпанија, Словачка, Шведска и Турција.

Сертификатот денеска на градоначалникот Максим Димитриевски му го врачи Илија Вучков, како Амбасадор за климатскиот пакт на работната средба која се одржа во просториите на Општина Куманово.

На средбата, како што информира Димитриевски, се разговарало за имплементација на проектот за подигање на свеста за климатскиот пакт и „Циркуларна економија и нула отпад во ЕУ“, со фокус на решенија за дигитални и паметни градови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец украл чанта од 79-годишна жена, полицијата го привела

Никола Ивановски