По денешната прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека улици во центарот на градот се прекриени со кал и смет, со реакција се јавија и од Општина Куманово.
Тие велат дека се запознаени со проблемот, но калта е резултат на топењето на снегот кое настапи овие денови и најавија брзо решавање на проблемот.
Сметот и ѓубрето од овие улици во текот на денот ќе се изнесат, а исто така ќе се направи интервенција во рамките на чистење на улиците од кал и нанос.
Што се однесува на фекална канализација треба да се дополни и дотампонира со материјал каде што фали. Откако ќе се направи приклучок на индивидуални станбени објекти од тој дел на градот и по испитување Општина ќе пристапи кон реконструкција на дел од улиците „Живко Чало“ и „Среќко Пужаљка“ – стои во дописот од Општина Куманово.