Во Израел денеска се одржуваат општи избори, а ова се петти по ред за помалку од четири години.
Loading...
Околу 6,7 милиони гласачи ќе имаат можност до 22 часот по локално време да ја извршуваат својата граѓанска должност на повеќе од 11.700 избирачки места.
Во оваа земја се преземени строги безбедносни мерки, а учествуваат дури околу 18.000 припадници на обезбедувањето.
Поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху има за цел да ја врати власта, а предизборните анкети покажуваат дека неговата десничарска партија Ликуд би можела да обезбеди 60 од 120 места во Кнесетот, израелскиот парламент.
Партијата Јеш на актуелниот премиер Јаир Лапид би можела да биде втора.
Резултатите од изборите треба да бидат објавени во среда.