Советниците од редовите на опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ го напуштија продолжението на 13. седница на Советот на Општина Куманово, откако изразија несогласување со предлог одлуката општината да изнајмува простор под закуп за потребите на реорганизацијата на општинската администрација.
Откако беше изгласана точката од страна на власта, опозицијата која гласаше против побара поединчено изјаснување, по што ја напушти седницата.
Се започна кога на дневен ред дојде точката за изнајмување деловен простор и за збор се јави советникот Драган Петковски кој до Секторот за правни работи достави прашање за кои потреби ќе биде новоизнајмениот простор, но и колку вработени ќе бидат сместени таму.
Како што беше посочено од раководителот на овој сектор Иван Ангеловски, просторот ќе се користи за реорганизацијата на општинската администрација, но дел од него и за новото јавно претпријатие за урбанистички работи „Куманово план“ кое е во фаза на формирање.
– Поради реорганизација на оппштинска администрација, Секторот за урбанизам, комунални дејности и животна средина се подели на два сектора а се формира и ново јавно претпријатие за урбанистички планови, општината има потреба од нов простор, условите се предвидени во член 2 од одлуката, бараме површина од 250-300 метри квадратни и веројатно, сега не знаеме колку точно вработени ќе се сместамт, но околу триесетина, зависно од најповиолната понуда, во член три е предвидено критерум да биде кој ке понуди најниска цена по метар квадратен, условите се предвидени во самата одлука која е на дневен ред, рече Ангеловски.
Меѓутоа, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски реплицираше дека досега не било пракса општината да изнајмува простор за јавно претпријатие, затоа што тоа е должно самото да го направи тоа, на што Ангеловски одговори дека конечната одлука за тоа како овој простор ќе функционира дополнително ќе биде донесена.
– Конечна одлука за овој простор ќе се донесе откако ќе се изнајми, мислам дека треба прво да донесете конечна одлула кој простор, колкав и за што е потребен па потоа како советници да гласаме за него, а не да гласаме па потоа да донесеме одлука за што ке го корситиме мислам дека оваа не е дозволиво, рече Петковски.
Loading...
Назначениот директор вршител на дејност на претприајтието „Куманово план“, Горан Митевски вели дека ова нема врска со јавното претпријатие, затоа што тоа веќе е регистрирано во простории изнајмени од страна на Владата на Република Македонија.
– На улицата „Гоце Делчев“ број 34 ние сме кираџии на Република Македонија, иако е тоа општински простор, тоа е изнајмено на период од 8 години во претходен договор со влада на РМ и сега е продолжено на неопределено време исто така со Владата. Би замолил да не се прават инсинуации и мислам дека е потребно да се овозможи реорганизација на администрацијата, затоа што тоа е во интерес на подобро функционирање во интерес на граѓаните, рече Митевски.
Сепак расправата не заврши тука. Советникот од редовите на опозицијата, Зоран Петрушевски посочи дека кога барал листа на деловен простор кој е во сопственост на општината, не му била доставена, со што смета дека општината не знае што поседува, а изнајмува нов деловен простор.
– Имаме деловни објекти сопственост на општианта кои најверојатно стојат празни, но никој од администрацијата не покрена инцијатива да ни достави кои се тие објекти. Во принцип знам дека државата е лош стопанственик, општината е дел од неа, но толлку лош сопанственик не можам да замислам, а колку сме задолжени, едни клупи се ставија ништо не се работи во општината осум месеци поминаа и вие ќе изгласате 8.000 до 10.000 евра месечно, но јас да кажам дека ќе бидам против ваква работа и мислам дека би било паметно оваа предлог одлука да се повлече ако може да се најдат објекти кои се во сопственост на општината за кои нормално ќе ја завршат оваа работа, рече Петрушевски.
Не треба да дозволиме некој да се пере преку Советот на општината, дека ние сме донеле таква одлука, рече советникот од ДПСМ, Саша Николиќ.
– Советот е тело кое одлучува во име на граѓаните, сите сме во ситуација да гласаме затоа што сме закопни во партиски ровови и некој од страна ни диригира да гласаме нешто за што утре ќе сносиме одговорност, сите ќе се кријат зад одлуката на советот, или народски советот го изгласа тоа, а ние спроведуваме она што тие го изгласаа, на мислење сум предлогот да се врати, да се тргне во дополнителна анализа, да се види со какви простории располагме како општина и дали сме во ситуација и дали мораме да бараме простор кој ке биде во функција на јавната администација и да ги спасиме граѓаните од дополнтелни торошоци, рече Николиќ.
Loading...
По неговото излагање точката беше изгласана со 14 гласови „за“, 8 „против“ и никој „воздржан“, по што советникот Зоран Петрушевски бараше поединечно изјаснување на членовите на Советот. За време на поединечното гласање, советниците во знак на револт ја напуштија седницата.
фото: архива