Две трафостаници на две одделни локации биле опожарени во Куманово, пожарникарите веднаш реагирале и ги изгасиле пожарите, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Loading...
Првиот пожар бил регистриран на трафостаница на улицата „Пиринска“, вчера во утринските часови. Пожарникарите успеале да го изгасат за 40-тина минути.
Втората трафостаница на спротивниот дел од градот на улицата „Киро Антевски“ се зачадила во попладневните часови околу 17:00. Пожарникарите интервенирале половина час.
Кумановските пожарникари вчера гаселе и запален смет на локација пред населбата „Перо Чичо“.