Опожарена куќа на 76-годишник од Челопек (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Куќа во сопственост на 76-годишник од селото Челопек, oпштина Старо Нагоричане била зафатена од пожар во текот на вчерашниот ден.

 

 

– На 09.02.2026 во 10:22 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, настанал пожар во куќа сопственост на Х.Т.(76), информираат од Секторот за внатрешни работи.

 

 

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, на терен интервенирале тројца пожарникари со едно возило во период од 10:24 до 13:20 часот.

 

 

Во пожарот нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германец се обидел да внесе наркотици преку ГП Табановце

Никола Ивановски