Салон за мебел лоциран на улицата „11ти Ноември“ во Куманово ноќва бил опожарен.
– На 05.02.2026 во 01:18 часот во СВР Куманово е пријавено дека настанал пожар во продажен објект на улицата „11 Ноември” во Куманово, сопственост на М.Г., информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во гаснењето на пожарот учествувале петмина пожарникари од ТППЕ Куманово во период од 01:15 до 02:15 часот.
Како што додаваат од полицијата во пожарот нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

