Операцијата на Папата Франциск е успешна

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско се чувствува добро по операцијата на дебелото црево, рече Ватикан откако осумдесет и четиригодишниот поглавар на Католичката црква беше хоспитализиран за прв пат откако беше избран на оваа функција во 2013 година.

Loading...

Портпаролот Матео Бруни рече дека папата „добро реагирал“ на операцијата, извршена под општа анестезија и за која Ватикан претходно рече дека е планирана, а не итна.

Бруни не даде повеќе детали за операцијата, ниту рече колку долго папата ќе остане во болницата Џемели во Рим.

Тој беше примен во болницата вчера попладне, а соопштение беше издадено нешто пред полноќ.

Операцијата ја изврши медицински тим составен од десет члена.

Leave a Reply