Хирургот кој се потпишал на црниот дроб на пациентот што го оперирал е избришан од лекарскиот регистар.
Сајмон Брамхол признал дека користел уред за емитување аргон за да ги вреже своите иницијали на црниот дроб на двајца пациенти додека во 2013 година работел во болница во Бирмингем.
По анализата на тој случај, Медицинскиот суд оценил дека се работи за „професионална ароганција“ и дека неговите постапки ја поткопуваат довербата на јавноста во лекарската професија, пишува Би-Би-Си.
Во декември 2017 година, Сајмон Брахмол се изјаснил за виновен и судот во Бирмингем го казнил со 10.000 фунти.
Во декември 2020 година тој бил суспендиран на пет месеци, а во јуни беше укината наредбата за суспензија и предметот повторно беше доставен на разгледување до Медицинскиот суд.
Медицинскиот суд на почетокот на неделава пресуди дека дејствијата на Брамхол ја „нарушиле“ довербата меѓу лекарот и пациентот и го избркале од лекарската комора.
Иако судот „прифати дека ниту еден пациент не претрпел трајно физичко оштетување“, постапките на хирургот предизвикале „значителна емоционална штета“ на еден од нив.
Судот исто така изјави дека Брамхол бил „добар карактер“ пред овој скандал, но дека отстранувањето од регистарот било „соодветна санкција“ за „тешко нарушување на достоинството на неговите пациенти“.
По рочиштето, издадена е наредба за итно суспендирање, која ќе биде во сила во текот на жалбената постапка.
Брамхол бил откриен кога друг лекар забележал иницијали со големина од околу четири сантиметри на органот што го пресадил Брамхол и кој откажал една недела по операцијата.
Брамхол поднел оставка од својата работа во болница во Бирмингем во 2014 година.