Операција „Мајдан 3“:: Зеленски открива невидени планови на Русија!

Сподели со своите пријатели

Војната во Украина се уште беснее, а граѓаните и властите на оваа земја најмногу се плашат од претстојната зима.

Loading...

Поучени од искуството од претходната година, тие веруваат дека Русија е подготвена на се и се обидуваат да се подготват за нови напади и акции.

Така, приказната за „Мајдан 3“, која ја спомна украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше во центарот на вниманието на јавноста, посочувајќи дека Русија има „нов план да го собори од власт до крајот на годината“ и дека тој досега преживеал најмалку пет атентати.

Зеленски рече дека Русија се обидува да сее поделби во украинското општество, создавајќи „хаос“ во земјата.

„Нашата разузнавачка служба има информации, кои исто така дојдоа од нашите партнери“, објасни Зеленски во интервју за Блумберг.

Според Зеленски, новиот руски план за дезинформација е означен со кодно име „Мајдан 3“, што се однесува на централниот плоштад во Киев кој беше во фокусот на протестите во 2004 година и бунтот во 2014 година со кој беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович.

„Мајдан за нив е државен удар, така што операцијата е разбирлива“, додаде Зеленски.

„Русија сака да ме собори од власт“

Володимир Зеленски рече дека украинската разузнавачка служба спречила најмалку пет или шест атентати против него, што тој ги спореди со пандемијата на Ковид.

Loading...

„Прво, луѓето не знаат што да прават со него и изгледа многу страшно. После тоа, тоа се само разузнавачки податоци во кои тие ги споделуваат деталите дека друга група дошла во Украина да го проба истото“, додаде Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп вели дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

На првиот ден од руската инвазија, руските специјалци паднаа со падобран во Киев, наводно со намера да го убијат украинскиот претседател.

Западните власти потоа понудија да го изнесат Зеленски од главниот град, што тој го одби, велејќи дека му треба муниција, а не транспорт.

Зеленски додаде дека Русија има нов план за негово соборување од власта и дека Москва очекува тој да биде спроведен до крајот на годината.

„Не можам да разговарам со вас за специјалните операции на украинската разузнавачка служба или тајната служба или некои специјални сили. Има некои моменти за кои не разговараме. Не само во Русија, има работи за кои не разговараме за нашите привремено окупирани територии“, рече Зеленски на прашањето дали и како Киев одговорил на обидите за атентат.

Операцијата е закажана за крајот на годинава

Руските специјални служби наводно извршиле голем напад со дезинформации наречен „Мајдан 3“ со примарна цел да ја дестабилизираат Украина, тврдат извори на кои се повикуваат украинските медиуми.

Ова го соопшти Андриј Јусов, претставник на Главната разузнавачка управа на Украина. Тој изјави дека рускиот информативен напад е веќе во тек.

„Ова не е единствена тема, тоа е паралелно интензивирање на низата конфликтни настани во државата. Ова вклучува засилување на внатрешните несогласувања користејќи традиционални руски и пропагандни наративи. Гледаме дека неодамна руската пропаганда повторно посвети исклучително големо внимание, особено на внатрешните политички настани во Украина“, рече тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп бара ретки метали од Украина во замена за помош. Пристигна одговорот на Зеленски.

Како што истакна Јусов, тоа укажува дека внатрешната ситуација во Украина е важна за Русија.

Затоа, според неговите зборови, рускиот напад „не е насочен само кон задоволување на нечија суета“.

Операцијата, закажана за ноември-декември 2023 година, ја оркестрира Сергеј Кириенко, првиот заменик-шеф на руската претседателска администрација, а предводена од Владислав Сурков, клучна фигура во проектот Новоросија.

Која е целта на операцијата?

Главната цел е да се сее политичка нестабилност, да се поттикнат протести и да се изврши влијание на меѓународната сцена.

Операцијата е дизајнирана да биде повеќевекторска и насочена кон различни делови на светот.

Русите имаат за цел да користат традиционални тактики како што се ширење паника, создавање очај и измислување конфликти меѓу политичарите и војската, тврдат Украинците.

Рускиот дезинформациски напад се фокусира на искористување на клучните прашања што ги засегаат Украинците, вклучувајќи го и заморот од војната, согледаната залудност на отпорот, корупцијата и неефикасноста на меѓународните организации.

„Јазичното прашање“ исто така вештачки е повторно воведено на дневен ред.

Loading...

Истовремено, во Киев и во другите региони се планираат „мирни“ акции, со немирни цели, искористувајќи ја стресната состојба на украинското општество.

Нападот со дезинформации се протега на дискредитација на одредени државни структури и политички и воени лидери во Украина.

Се охрабрува наративот на конфликтот, особено нагласувајќи го имагинарниот конфликт помеѓу различните гранки на власта и одредени личности.

Во оваа операција значајна улога има руската пропаганда на Телеграм, со буџет од 230 милиони долари.

Пропагандата се протега на меѓународно ниво

На меѓународен план, Русија има за цел да го сврти вниманието преку промовирање на темата Блискиот Исток, со цел да ја намали меѓународната помош за Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите тврдат дека го освоиле клучниот рударски град во Донбас: Но, изгледа како град на духови (ВИДЕО)

Украина е прикажана како нефункционална држава со постојани лидерски конфликти, а теориите за нејзината вмешаност во саботажата на „Северен поток“ добиваат на сила.

Loading...

Крајната цел е да се прикаже Украина како неуспешна држава, оправдувајќи ја промената на поддршката од Украина кон Израел од страна на руските политички сили на Запад.

Во прилог на овие наводи, одат тврдењата на Украинците за две лажни видеа со цел да предизвикаат раздор во владејачкиот систем, како и меѓу украинскиот народ.

Вечерта на 7 ноември, на социјалните мрежи се појавија две видеа во кои украинскиот генерал Валериј Залужни, наводно, го означува Зеленски како предавник и ја повикува армијата да маршира кон Киев.

Подоцна беше откриено дека овие видеа се лажни и дел од руска специјална операција, пишува Киев пост.

Првото лажно видео се појави на рускиот телеграмски канал Радио Труха на 7 ноември во 20:33 часот, објави весникот Бабел.

Loading...

Главните точки беа следните: Зеленски го елиминираше помошникот на Залужни, а потоа ќе го убие и него, предавајќи му ја Украина на Путин.

Украинците беа поканети да одат на Мајдан, а војската беше поканета да ги напушти позициите и да маршира кон Киев.

Второто видео беше споделено малку подоцна, во 2:16 часот, од телеграмскиот канал Trukha Barcelona.

Во ова лажно видео, Залужми наводно тврдел дека медиумите го означиле неговиот апел како лажно видео и руска пропаганда.