Опасност од прелевање на Палестинци од Рафах во Египет ако Израел нападне

Сподели со своите пријатели

Потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања и итна помош Мартин Грифитс денеска предупреди на можноста Палестинците од Рафа на југот на Појасот Газа да се „прелеат“ во Египет, доколку Израел започне воена операција на тој пограничен град.

Loading...

Грифитс рече дека е „илузија“ дека луѓето од Газа може да бидат евакуирани на безбедно место, објави Ројтерс.

Повеќе од милион Палестинци се наоѓаат во Рафа на границата со Египет, од кои повеќето се раселени поради борбите во други делови на Појасот Газа.

Повеќето живеат во шаторски кампови и импровизирани засолништа.

ОН соопштија дека израелската офанзива на Рафах може да „доведе до масакр“.

Говорејќи на истиот состанок со Грифитс, шефицата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), Мирјана Шпољариќ, рече дека отсуството на јасен план за евакуација од Рафах ќе доведе до уште поголема катастрофа за палестинскиот народ.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека Израел ќе ја продолжи офанзивата против „баталјоните на Хамас“ во Рафах, откако ќе им дозволи на цивилите да ја напуштат областа, пренесува Танјуг.