Опасни предизвици кружат на социјалните мрежи: Ова е советот на психолозите до родителите!

Сподели со своите пријатели

Неодамна, на Тик-ток се појави видео кое ги охрабрува корисниците да земаат прекумерни дози на лекови против алергија – антихистаминици, што доведе до повеќе труења, па дури и фатални резултати.

Loading...

Во „огнениот предизвик“, луѓето истураа запалива течност и ја палеа, а тука беше и предизвикот на сол и мраз што се појави во јануари 2019 година, во кој треба да посипете сол на кожата и да притиснете со коцка мраз, па кој може да ја издржи болката подолго.

Овој предизвик ги остави учесниците со изгореници од втор, па дури и трет степен, а на некои дури им требаше и трансплантација на кожа.

Во не така далечната 2018 година, тинејџерите се предизвикуваа едни со други да објават видео на интернет како голтаат капсули со детергент.

 

 

Ризично однесување е својствено за тинејџерите

Loading...

Зошто тинејџерите се подложни на вакво ризично однесување?

Невролозите велат дека делот од мозокот одговорен за рационално размислување, префронталниот кортекс, не бил целосно развиен до средината на 20-тите години.

Ова значи дека тинејџерите се природно поимпулсивни и веројатно ќе дејствуваат пред да размислат за сите последици.

Затоа тие ќе го игнорираат фактот дека детергентот за перење е отров или антихистаминиците ќе им предизвикаат сериозни проблеми со срцето, па дури и кома. Она на што се фокусирани е да бидат популарни и да добијат што повеќе пофалби и коментари од своите врсници на социјалните мрежи.

 

 

Како родителите да ја повратат контролата?

Loading...

Родителите на повреденото девојче од Палермо не ни знаеле дека нивната ќерка има повеќе профили на разни социјални мрежи, тие сметале дека Тик-ток следи заради танцовите точки.

И, тие веројатно не се единствените, но тоа не значи дека тие се помалку одговорни за тоа што не обрнуваат внимание со што се забавува детето.

Родителите би морале да бидат во чекор со развојот на технологијата и новите предизвици со кои се соочуваат децата.

Некои психолози ги советуваат следниве чекори:

– На пример, прашајте кои се сите вакви предизвици на социјалните мрежи и натерајте го детето да разговара охрабрувајќи го да се обиде да ве изненади, да ви каже нешто што не сте го чуле. Прашајте спокојно, без осуда, што мислат за овие предизвици.

 

 

Loading...

– Ако тинејџерите спомнат интерес за учество во предизвик, охрабрете ги со директни прашања да размислуваат за секој чекор од предизвикот. Побарајте од нив да ги земат предвид најлошите резултати – изгореници или одење во болница, на пример.

– Побарајте од нив да размислат зошто би го сториле тоа – и дали вреди. Дали допаѓањата и коментарите се вредни за времето поминато во собата за итни случаи?

– Бидете сигурни дека ќе бидете „пријатели“ на социјалните мрежи со вашите деца, бидејќи ако ги следите настаните на овие платформи, тоа ќе ви помогне да бидете во контакт со она што се случува во нивниот секојдневен живот.

– Следете што објавуваат на нивната страница за да дознаете што се случува на училиште и што прават нивните пријатели. Ако не сакаат да соработуваат, ќе мора да им се заканите дека, бидејќи им ги плаќате сметките и купувате уреди, можете да ги одземете.

 

Loading...

 

– Децата често се повеќе подготвени да зборуваат за искуствата на своите врсници отколку за нив самите. Прашувајќи за она што е популарно на училиште, што прават пријателите, ќе добиете повеќе одговори отколку ако прашате директно што прават.

– Без оглед на сè, најважно е да имате што поактивна комуникација со децата и да се обидете да го осудите нивното однесување што е можно помалку. Наместо тоа, зборувајте мирно за опасностите од овие избори.

Leave a Reply