Тереза не пропуштила ниту еден погреб во последните 14 години, а откако на семејството ќе изрази сочувство и ќе го испрати починатиот, Тереза се „фрла“ на јадење и пиење кое семејството го носи.
Тереза Дојл (65) во Англија е позната по тоа што доаѓа на секој погреб во градот Слау и тоа од многу бизарна причина – за да се најаде и напие.
– Тереза секој пат оди на погреб со велосипед. Од дома тргнува облечена во нормална облека, а потоа пред гробиштата облекува црнило и тргнува по капелите, тврдат нејзините соседи.
„ВОСКРЕСНАЛ“ ПРЕД ПОГРЕБОТ: Роднините му подготвиле гроб, а тој се појавил жив (видео)
Loading...
Иако ја разотркиле Тереза, таа не престанува, туку и натаму се појавува на секој погреб.
Маргарет Вајтхед, која неодамна ја погребала својата ќерка вели дека останала во шок кога видела непозната жена која стои со ожалостените на погребот. Таа вели дека Тереза дури разговарала со неа за време на изјавувањето сочувство. На Маргарет и рекла дека работела со нејзината ќерка како келнерка, што и било чудно, затоа што нејзината ќерка никогаш не била келнерка.
– По погребот јадеше како да не постои утре. На крајот си наполни ќесе со храна и си замина со велосипедот, вели Маргарет.
НЕЗАПАМЕТЕНО ЧУДО: Бебе оживеало по 15 часа минати во мртовечница
Старицата сепак се брани и вели дека нејзина работа е да оди на секој погреб. Меѓутоа, поединци тврдат дека од еден погреб заминала разочарана, затоа што семејството не донело храна и пијалоци.