Опаѓа водостојот на Пчиња

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња е во опаѓање, покажуваат податоците од мерењата кои утринава се направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

По вчерашниот водостој од 120 сантиметри, од кои дури 100 пораснаа за само едно деноноќие, денеска водата се повлекува, а водостојот е опаднат на 84 сантиметри.

Сепак тоа и натаму останува двојно повисокот од просекот за овој период од годината.

Како што додаваат од УХМР, во сливот на река Пчиња е забележано зголемување на водостојот во долниот дел од сливот, но без опасност излевање.

Вчера Пчиња се излеа во атарот на селата Пелинце и Стрновац, но не беа зафатени куќи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Срце за Куманово” – празничен концерт на учениците од музичкото училиште (ФОТО)

Никола Ивановски