ООУ „Вук Караџиќ“ го одбележа патрониот празник (фото)

Сподели со своите пријатели

Основното општинско училиште „Вук Караџиќ“ денеска го одбележа својот патронен празник.

 

 

На манифестацијата покрај локалната самоуправа присуствуваше и амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда која со сечење лента го пушти во употреба реновираниот дел од училиштетот, што е потпомогнато со донацијата од амбасадата.

– Чест и задоволство ми е што нашето училиште имаше  толку важни гости, нејзината екселенција амбасадорката на Јапонија , меѓутоа не беа без причина , причината беше свечено пуштање на објектот во употреба после завршена реконструкција со донација на јапонската Влада во висина од 67.830 евра, што може да се каже дека е поприлично голема донација, се реновираше комплетно училишниот покрив, и прозорците на два ката, комплетна замена на прозорците со пвц на два ката, на вториот и на третиот така што сега учениците ќе иамат многу потопли, посветли и побезбедни простории за учење, изјави директорката на училиштето, Надица Петровска.

 

 

На приредбата учетсвуваа голем број дечиња, кои преку игра и песна ја презентираа мултиетничката компонента на оваа училиште, а воедно одадоа и признание на амбасадорката Ханеда за донацијата од народот на Јапонија.