ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ одбележа 57 години постоење (фото)

Сподели со своите пријатели

Со промоција на филмот „Ајде да снимаме филм“, денеска Општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ одвележа 72 години од загинувањето на својот патрон, а воедно и 57 години успешно работење.

Директорката Лидија Костиќ истакна дека е задоволна од работата на училиштето и постигнатите резултати на самите ученици и наставници.

Презадоволна сум од критериумот, од работата на наставниците. За материјално-техничка опременост, некои работи што зависат до нас максимално вложуваме напори, меѓутоа некои капитални инвестиции не зависат од нив. Едно по едно работиме, меѓутоа не оди така лесно и брзо“- изјави Костиќ.

12695948_10205811204784940_329001053_n

Loading...

 

На свеченоста беше прикажан и краткиот филм насловен „Ајде да снимаме филм“, кој учениците го подготвија со својата наставничка по македонски јазик Весна Алексова, а со цел на децата да им биде интересно и да можат да научат нешто повеќе за медиумската култура.

Да видат како се снима филм, да ги ставиме во улога на актери, режисери, сценаристи, сниматели, а во исто време да го поврземе нивното секојдневно живеење со богатото наше традиционално, флоклорно минато. Снимавме на повеќе локации, се надевам дека филмот ќе ви се допадне“- изјави Алексова.

Инаку настава во оваа основно училиште посетуваат вкупно 1.250 ученици, а истото е основано во далечната 1959 година.