ООУ „Бајрам Шабани“се приклучува на гасоводната мрежа

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Куманово-гас“ ја проширува градската дистрибуциска мрежа во должина од 600 метри во централното градско подрајче, информираше директорот на претпријатието, Драган Петровски

Со новата мрежа опфатени се улиците „Карл Маркс“, „Владимир Назор“ и „Вардарска“, така што кон мрежата ќе биде приклучени и основното училиште „Бајрам Шабани“.

Петровски појасни дека делницата ќе се поврзе со постоечката мрежа на улицата „11 Октомври“ која беше поставена изминатите години и каде веќе има корисници меѓу кои и зградата на Општина Куманово

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски посочи дека ова училиште е едно од најстарите во градот и дека се очекува гасификација да почне да се применува од почетокот од септември

На инсистирање на општината, на гасификацијата на јавните објекти и установи се работи интензивно од аспект на проширување на мрежата, но и поради ззаштита на животната средина, бидејќи гасот е еколошки енергенс. Воедно се штеди на финансии, изјави Димитриевски

Во Куманово повеќе објекти користат гас за затоплување, неколку основни и средни училишта, градинки, установи, но и станбени згради и домаќинства

Од претпријатието ги повикаа заинтересираните правни и физички лица од оваа делница да се обратат до претпријатието доколку сакаат да склучат договор за приклучување кон гасоводната мрежа.

Leave a Reply