ООУ „11 Октомври“ – Куманово ќе одбележи 60 години постоење

Сподели со своите пријатели

Општинското основно училиште „11 Октомври“ од Куманово утре ќе одбележи голем јубилеј од 60 години постоење.

Loading...

Како што информираат од училиштето, по тој повод ќе биде организирана свечена програма со културно-уметнички настапи на учениците.

Ќе се одржи и ликовна изложба со наслов „Уметноста како огледало на нашите вредности од минатото во сегашноста“.

Ќе следува и културно – уметнички настап под наслов „Потопи се во магијата на нашите талентирани ученици“.

Приемот на гости ќе биде во салата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Приемот на гости ќе биде од 16:45 до 17:00 часот, по што ќе започне и приредбата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со нож избодени малолетници кои питачеле во Куманово

Никола Ивановски