ОО СДСМ со поддршка на акцијата „Моето маало“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Акција за разубавување на урбаните заедници под насловот „Моето маало“ во сабота ќе се спроведе во населбата Гоце Делчев, кај месноста викано „Кошеви“.

Организатори на акцијата се Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Куманово, Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши“, јавните претпријатија „Водовод“ и „Чистота и зеленило“, како и жителите од Месната заедница „Гоце Делчев“.

Отпочнуваме со изградба на фонтана, клупи за рекреација, уредување партерно со садење на дрвца. Ова е акција која што е во организација на СДСМ и средствата се обезбедени од членовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Општинска организација Куманово. Со ова покажуваме дека се грижиме за разубавување на урбаните заедници, во соработка со меесните заедници ќе ги утврдиме и следните приоритети каде ќе настапуваме со ваквите акции – вели Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ Куманово.

Акцијата ќе започне во сабота во 11 часот.