Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Македонија денес на перс конференција изнесе сериозни обвинувања за менаџирањето на кумановската болница каде, како што велат нема основни средства за укажување прва помош на граѓаните.
Во болницата бараат од пациентите од дома да носат топломери и памук, за да можат да им укажат соодветно лекување и да им одредат терапија.Нема ханзапласт па пациентите ги преврзуваат со обична самолеплива трака, а и сами си купуваат инфузија – вели Сашо Тодоровски, портпарол на ОО на СДСМ Куманово.
Според, Тодоровски пред неколку дена не функционирал и проектот „Мој термин“ и целокупната електронска комуникација и вмрежување, а вработените со падот на системот на можеле да ги извршуваат своите тековни активности.
Прашуваме какво е тоа здравство во 21 век кое секојдневно се рекламира по телевизиите дека е модерно, дека е европско, дека се набавени нови медицински помагала и инструменти, а во реалноста недостасуваат основни средства за лекување на пациентите. Пациентите плаќаат здравствено осигурување секој месец и незамисливо е кога ќе им затреба основна медицинска помош тие да треба истото тоа повторно да го плаќаат од свој џеб. – истакна Тодоровски.
Бесплатното здравство, каок што вели Тодоровски, треба да биде примарниот столб на општеството, најавувајќи подобри времиња во оваа област по изборите на 11 декмври.