По денешните обвинувања на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кон локалната власт предводена од СДСМ, дека урбаните средини во градот не се одржуваат, посебно ставјќи го акцентот на мини паркот зад економското училиште, одговор побаравме од портпаролот на ОО СДСМ Куманово, Сашо Тодоровски.
Како што вели Тодоровски тоа место минатата година било чистено од нивна страна, но дека повторно во иднина ќе се перземат мерки за негово уредување.
Секако некоја следна акција што ќе ја имаме ќе биде исто така за разубавување на тој дел од градот, така да се надеваме на помош од граѓаните тука и „Чистота и зеленило“ исто така сите заедно да се вклучиме во таа акција. Може има некои недостатоци, но се надевам дека во периодот кој што следува ќе почне да се работи малку поажурно и да се внимава и на зелените површини – рече Тодоровски.
Инаку, утре ОО на СДСМ Куманово ќе се приклучи на акцијата на Кумановски акцијаши во уредување на Спомен Костурница, а пред две недели уредуваа во анселбта Гоце Делчев.