ОО на СДСМ Куманово организираше хуманитарна акција за настраданите (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ од Куманово вечерва се вклучи во хуманитарна акција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку своите организации на локално ниво да собере помош за настраданите во вчерашното невреме што го зафати скопскиот регион.

 

DSC_0002

 

Флаширана вода и храна донираа членовите на партијата, кои меѓудругото жалат и за прерано згаснатиот живот на нивната сопартијка Жаклина Божиновска од Куманово која страдаше во налетот на невремето.

Од вечерва влегуваме во акција во рпесрет на починатите и семејствата погодени од големата катастрофа што вчера ја зафати Македонија, односно градот Скопје и сите оние приградски населби. Голема трагедија за Република Македонија, нашите сограѓани, а како што знаете имаме и еден наш сограѓанин починат во катастрофата што ја зафати нашата република сега – рече Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ Куманово.

DSC_0011

 

Како што истакна тој, Општина Куманово во текот на денешниот ден испрати и техничка помош на погодените подрачја, камиони, пумпи, цистерни и вода за пиење.

Сакаме да го изразиме искреното желење за починатите, за семејствата што се погодени, за починатите и да потенцираме дека починатата Жаклина беше член на Социјалдемократскиот сојуз, Општинска организација Куманово. Ја споделуваме тагата со нејзиното семејство, сос ите семејства што се погодени. Нема играчка со природата, таа знае да биде немилосрдна – додава Костовски.

DSC_0006

 

Тој ги повика сите хумани граѓани во наредните денови да донираат секаков вид на помош во седиштето на партијата, бидејќи е потребно да бидеме заедно со нашите сограѓани.