ОО на СДСМ ќе се приклучи на акцијата за уредување на Спомен Костурница (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ од Куманово и Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ утре во 10:30 часот ќе се приклучи на акцијата за уредување на Спомен Костурница, која ја организира Граѓанското здружение Кумановски Акцијаши.

Како што рече Сашо Тодоровски, портпарол на ОО на СДСМ Куманово, акцијата ќе се спроведе доколку дозволат временските услови, а ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да им се приклучќат на акцијата.

Во овој контекст мора да споменам дека Спомен Костурница е заборавено од Министерството за култура. Споменикот се распаѓа што е срамота за едно спомен обележје, за еден клучен дел од нашата историја. И оваа не е ништо ново. Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е да уништува, а не да создава и одржува – вели Тодоровски.

Како што потенцираше Тодоровски потребно е да се почитува историското минато за да се гради заедничка иднина.