ОО на СДСМ и Кумановски акцијаши викендов во нова акција (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ Куманово и здружението „Кумановски акцијаши“ во недела со почеток во 10 часот закажаа нова акција за чистење, овој пат во мини паркот кај зградите спроти економското училиште.

Првиот човек на СДСМ Куманово, Мартин Костовски за прв пат ги повика и членовите на ВМРО-ДПМНЕ да станат дел од акцијата.

Ги повикуваме граѓаните, особено од Б.С. Гојчо, ги повикуваме граѓаните што сакаат да се приклучат на ваквите акции што се одржуваат во последен период се почесто заедно со ЈП „Чистота и зеленило“ акцијата ја започнавме уште во четврток, тука се заедно стандардно со нас здружението Кумановски акцијаши, а за прв пат ја користам приликата да ги повикам нашите политички противници Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи излегоа со прес конференција токму за таа локација, па еве со заеднички сили да направиме добро за граѓаните на Куманово – рече Костовски.

Како што потенцираше Костовски, од ОО на СДСМ ќе бидат поставени четири комплета лулашки, детско катче и обнова на девет клупи.

 

Loading...