Општинската организациј на Црвен крст Куманово вчера донираше помош за семејството на Роберт Маличевиќ откако Канал 5 телевизија го објави прилогот во кој тој бараше помош за да ги прехрани своите шест деца.
Пакети со храна и производи за лична хигиена беа доставени до самохраниот родител, а до редакцијата на Кумановски Муабети се јавија и неколку физички лица кои изразија желба да помогнат на семејството Маличевиќ.
Loading...
Инаку Роберт Маличевиќ е самохран родител на шест деца од осум до 18-годишна возраст кој едвај сврзува крај со крај за да ги прехрани. Зема социјална помош во износ од 3.500 денари, а со осбирањето и препродавањето пластични шишиња успева едвај да заработи 800 денари месечно.
Живее во една соба без греење и електрична енергија, а истата до летото треба да ја напушти затоа што сопственикот на истата се враќа во Македонија.
Loading...
Од ОО на Црвен Крст најавија дека и во иднина во рамките на своите можности ќе помагаат на социјално ранливата категорија граѓани на Куманово.