Општинската организација на ГРОМ од Куманово денес на прес конференција ја информираше јавноста дека на претстојните парламентарни избори кои се закажани за 11 декември ќе настапат заедно со Коалицијата за подобра Македонија.
ГРОМ изминатите две години инсистираше на една брза изборна разрешница на постојаната политичка криза во Македонија, но иако тоа не се случи сепак го поздравуваме одржувањето на претстојните парламентарни избори на 11 декември. ГРОМ е на мислење дека овие избори не се обични избори, обие избори не се избори за кои можеме да кажеме дека е важно да ги има, ама не е важно кој ќе победи и ќе застане на чело на државата. За ГРОМ овие избори се избори од исклучително значење па дури би рекле и од историско значење за нашиот народ и нашата држава. Сметаме дека република Македонија се наоѓаат на една историска раскрсница на која моарме да го најдеме вистинскиот пат кој ќе не одведе во една посигурна и посреќна иднина – рече Зоран Петрушевски од ОО на ГРОМ Куманово.
Како што потенцираше Петрушевски овие избори само ќе бидат можност Република Македонија да се легитимира како една современа, демократска и европска држава.
Исто така како никогаш до сега имаме можност на еден цивилизиран и демократски начин политички да ги поразиме сите оние кои се залагаат за промена на името на нашиот народ и нашата држава, да ги поразиме сите оние кои се залагаат за федерализација на нашата држава, сите оние кои се залагаат за двојазичност или тројазичност на нашата држава, сите оние кои бескрупулозно ги напаѓаа, бојадисуваа и ги рушеа нашите споменици и нашите институции – додава Петрушевски.
ГРОМ на заедничките изборни листи ќе биде застапена со четири кандидати, а како што нагласи Петрушевски ќе дадат се од себе како Општинска организација на претсојните избори да се оствари апсолутна победа и 62 пратенички места.

