ОО Црвен Крст Куманово со хуманитарна помош во Козјачкиот регион (фото)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово по повод  новогодишните празници вчера организираше хуманитарна акција во која беа посетени селата од Козјачкиот регион и беше поделена хуманитарна помош.

 

На учениците од интернатот во О.У. ,,Христијан Тодоровски” Карпош во село Драгоманце, на 20 деца од Козјачкиот регион кои престојуваат во интернатот им беа доделени новогодишни пакетчиња. Исто така во рамките на оваа хуманитарна акција беа поделени и прехрамбено-хигиенски пакети на уште  5 семејства кои живеат под прагот на сиромаштијата од тој регион.

 

Оваа хуманитарна акција ја заокруживме со посета на Дневниот центар за лица со пречки во развојот Порака наша Куманово каде дониравме 15 прехрамбено – хигиенски пакети.

 

Акцијата беше подржана од 8 волонтери од општинската организација на црвен крст Куманово.